Едукативни научни видеа што ќе ви ја разбудат љубопитноста

Едукативни научни видеа што ќе ви ја разбудат љубопитноста

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Повеќето факултети и училишта низ светот се затворени, а студентите и учениците се принудени да го продолжат образованието на виртуелен начин, иако привремено. Платформата „ТЕД-Ед“ е одлична за учење нови работи, разбирање комплицирани концепти, но и за забава. Во продолжение следуваат неколку предлози за едукативни видеа од оваа платформа кои ја будат љубопитноста.

Зошто понекогаш не ја чувствувате раката или ногата?

Дали некогаш не сте ја чувствувале ногата или раката или сте чувствувале мало боцкање при движењето? Лекцијата подолу го објаснува ова необично искуство.


Што е подобро: сапун или средство за дезинфекција?

Рацете се далеку од рамни кога се гледаат одблизу. Вирусите и бактериите може да се скријат во сите линии и дупчиња што ги гледате на дланките. Како што веќе сите знаеме, има два начина на кои може да ги исчистите дланките од вирусите и бактериите, но кој е подобар?


Дали растенијата размислуваат?

Дали некогаш сте помислиле колку се комплицирани растенијата? Дали тие може да размислуваат како луѓето?


Направете си сопствено тајно мастило

Хемиските реакции се случуваат насекаде околу нас, но само под одредени услови. Што може да предизвика одредена хемиска реакција? Видеото подолу го истражува овој концепт.


Како бил изграден најдолгиот подводен тунел?

Англискиот канал, односно Ла Манш, долго време бил еден од најважните морски премини. Сепак, поминувањето на каналот било опасно. Затоа инженерите предложиле изградба на подводен тунел кој е двојно поголем од кој било друг тунел во светот.


Автор: Лора Асионе
Извор: eschoolnews.com
Фото: YouTube