„Фејсбук“ ќе овозможи масовно бришење на старите објави

„Фејсбук“ ќе овозможи масовно бришење на старите објави

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Доколку го користите „Фејсбук“ од неговите почетоци, големи се шансите дека во минатото сте објавувале нешта што не би ги објавиле денес.

Сите имаме објави од минатото кои не го претставуваат нашиот карактер денес. Од социјалната мрежа известуваат дека наскоро ќе постои начин за групирање на сите објави од минатото и нивно бришење. Опцијата за бришење стари објави постоеше и порано, но со новата алатка тоа ќе може да го правите одеднаш за повеќе објави наместо посебно за секоја.


Фото: Pixabay

Опцијата наречена на англиски „manage activity“ треба да им биде достапна на сите корисници во следните неколку недели. На почетокот таа ќе биде достапна само за мобилната апликација.

Корисниците ќе може да ја користат за да најдат повеќе објави одеднаш со користење филтри за датуми и други опции, како наоѓање објави што имаат означено одредена личност.


Фото: Pixabay

Дури и доколку не се срамите од објавите од минатото, опцијата може да биде корисна за бришење објави од стари работни места или наоѓање објави на теми што можеби сега се контроверзни.

Новата опција на „Фејсбук“ не дозволува масовно бришење на коментари во групи, но од компанијата изјавиле дека размислуваат да ја воведат таа опција во иднина.

Автор: Сара Морисон
Извор: vox.com