Исланд ќе ги тестира сите патници што ќе пристигнат во земјата

Исланд ќе ги тестира сите патници што ќе пристигнат во земјата

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Исланд ќе им прави тестирање за Ковид-19 на сите патници што пристигнуваат во земјата. Задолжителното тестирање ќе почне од 15 јуни, а ќе се прави во обид да се спаси туризмот во земјата.

Известувањето од владата доаѓа по консултации со главниот епидемиолог во земјата и соработка со „Декоуд џенетикс“, фирма која ќе ѝ помогне на државата со тестирањето.

- Економското влијание на непроменетите ограничувања за патувања би било огромно - изјавиле од владата во официјално соопштение за јавноста.


Фото: Pixabay

Тестовите ќе се прават веднаш по слетувањето на аеродромот „Кефлавик“. Тестирањето ќе биде бесплатно за патниците во првите две недели, но потоа ќе се наплаќа. Државата проценува дека бесплатното тестирање во првите две недели ќе ја чини околу 1,2 милион долари, под претпоставка дека ќе се прават околу 500 теста дневно.

Автор: Рагилдур Сигурдардотир
Извор: bloomberg.com