Следната недела нѐ очекува годишното затемнување на Сонцето

Следната недела нѐ очекува годишното затемнување на Сонцето

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Утрото на 10 јуни Месечината ќе помине помеѓу Сонцето и Земјата, што ќе создаде делумно затемнување на Сонцето кое ќе биде видливо во Северна Америка и голем дел од Европа. Затемнувањето ќе биде највидливо во Канада и на Сибир.


Фото: Wikipedia

Настанот се нарекува годишно затемнување на Сонцето и е различен од целосното затемнување на Сонцето кога Месечината целосно го покрива Сонцето. Следното целосно затемнување на Сонцето се очекува во 2024 година.

Затемнувањето на 10 јуни ќе биде видливо во Белград, дел од Босна и Херцеговина, и речиси цела Хрватска, но не и во Македонија.


Извор: cnet.com
Фото: Pixabay