„Ѕвездениот свет“ на еден фотограф ги прикажува промените на ноќното небо во 360 степени

„Ѕвездениот свет“ на еден фотограф ги прикажува промените на ноќното небо во 360 степени

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Креативен фотограф користел антички и митски карпи како основа на слика „ѕвезден цвет“ што го прикажува преминот на денот во ноќ и заоѓањето на Венера и Месечината.

Дарио Џанобиле го создал „Самрак во цвет“ со спојување на две добро познати техники за фотографирање пејзажи - траги на ѕвезди со „тајмлепс“ и мала планета.

- Во трагата на ѕвездите, спојувањето на повеќе слики во една рамка овозможува привидното движење на ѕвездите да се реконструира во текот на ноќта, кристализирајќи го текот на времето во една приказна каде што сценографијата е непроменета. Но, кај мала планета, пејзажот од 360 степени е претставен со негово преобликување во форма на мал глобус - вели фотографот.

1

Џанобиле ги избрал карпите на Аргимуско во Сицилија, Италија. Се шпекулира дека ова било место за свети обреди или место за астрономски набљудувања во минатото. Пејзажот, а особено две карпи послужија како основа за сликата од ѕвездениот цвет. Сликата е составена од 16 поединечни фотографии. Првата ротација ја дава Венера, втората од Месечината додека не исчезне зад големата карпа - објаснува фотографот.

Почнувајќи од врвот и движејќи се спротивно од стрелките на часовникот, можеме да видиме како небото на самракот станува сè потемно. Повисоката ѕвезда е Венера, а посветлата, пониската е Месечината, која на крајот исчезнува зад една од карпите.

Оваа фотографија НАСА ја избра за астрономска фотографија на денот.

2

Извор: Petapixel.com
Фото: Dario Giannobile