За рекордерката во техничко нуркање, трката „Титов Врв скајрејс“, главна награда за проект на студенти на ФЕИТ... Што пишувавме неделава

За рекордерката во техничко нуркање, трката „Титов Врв скајрејс“, главна награда за проект на студенти на ФЕИТ... Што пишувавме неделава

„Нуркањето ми овозможува да остварам подлабока врска со себе“, вели Симона Трповска, рекордерка во техничко нуркање

Покрај универзумот, водата е единствена средина која ти овозможува да бидеш во бестежинска состојба. Кога ќе се искомбинира бестежинската состојба со одењето во непознатото, целосното осознавање на себеси, како и со осознавање на еден од клучните елементи на природата што ни дава живот, тоа е навистина посебно доживување, барем за мене, вели Симона

„Титов Врв скајрејс“ е најтешката трка во Македонија, долга 22 км, а се искачуваат неколку врва над 2.500 метри

„Титов Врв скајрејс“ е многу повеќе од спортски натпревар, настанот ги промовира природните и туристичките потенцијали на Шар Планина и Полошкиот Регион, значењето на природата, планинарството и спортскиот дух, посочува Душко.

Проект за поставување фотоволтаичен систем во Полог им донесе главна награда на студенти од ФЕИТ на натпревар на инженерски проекти во Турција

Во рамките на нивниот проект беше даден предлог за поставување фотоволтаичен систем кој, поради неговата поставеност врз земјоделско земјиште, ќе биде систем за синтеза на производство на малинки и електрична енергија во Полошкиот Регион