Зошто луѓето ги прават истите грешки повеќепати?

Зошто луѓето ги прават истите грешки повеќепати?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Постојано ни кажуваат дека учиме од сопствените грешки, но науката покажува дека тоа не е така. Наместо тоа, почесто ги правиме истите грешки повеќепати. Секако, јасно е дека бргу учиме дека не треба да допираме жешки предмети и слично, но тоа е затоа што мозокот создава реакција на закана поради физичката болка предизвикана од минато искуство. Меѓутоа, кога станува збор за размислувањето, однесувањето и донесувањето одлуки, често ги повторуваме истите грешки.

Причината за ова е начинот на кој мозокот ги процесира информациите и создава шеми на кои им се враќаме. Овие шеми ни помагаат да донесуваме одлуки во реалноста, но може и да направат да ги правиме истите грешки како и во минатото. Луѓето природно не се рационални и затоа не ги чуваме сите информации кои ги примаме, туку само дел од нив.

Најчесто ги забележуваме работите кои се повторуваат, а зачувуваме спомени со генерализирање и категоризација. Освен тоа, луѓето донесуваат заклучоци со ограничен број информации со кои располагаат за да создадат верзија од реалноста во која потсвесно сакаат да веруваат.


Фото: Pixabay

Треба голем труд да се сменат шемите кои веќе биле создадени, па затоа почесто ги користиме истите шеми на однесување и реакција дури и кога сме свесни дека ги правиме истите грешки. Ова се нарекува пристрасност за потврда, што е тенденција да го потврдиме она во што веќе веруваме наместо да го смениме погледот кон светот за да примиме нови информации и идеи.

Покрај тоа, луѓето често го користат инстинктот за да доведат заклучоци врз основа на минати искуства. Понекогаш ги повторуваме истите грешки поради егото што прави да ги задржиме постоечките верувања. Дури и доколку размислувате внимателно и долго, мозокот ќе има пристрасност кон информациите и шемите кои сте ги користеле во минатото, без разлика дали резултатот бил грешка.

Згора на тоа, доколку ги повторувате истите грешки повеќепати, мозокот може да започне да претпоставува дека грешките во минатото впрочем не биле грешки, туку вистинскиот пат.

Што може да се направи?

Постојат неколку начини со кои може да го стопирате овој процес, а еден е полесно да ги прифаќате грешките. Најчесто се срамиме од грешките и ги криеме, но колку повеќе се чувствуваме виновни за нив, толку се поголеми шансите дека ќе ги повториме. Кога се чувствуваме подобро за себеси, полесно ќе ги примаме новите информации кои ќе ни помогнат да ги поправиме грешките.

Добра идеја може да биде и паузирање од обврските кои сакаме да ги подобриме. Препознавањето на неуспесите и паузирањето може да помогне во елиминирањето на грешките.

Извор: Science alert
Насловна фотографија: Pixabay