Хавајски тим постави рекорд за најмногу отстранета пластика од Големиот пацифички тепих од ѓубре

Хавајски тим постави рекорд за најмногу отстранета пластика од Големиот пацифички тепих од ѓубре

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Пластиката почна масивно да се произведува пред 65 години. Оттогаш количината што ја користиме енормно се зголеми. Исто така, се зголеми и загадувањето со пластика.

Во 2015 година биле произведени 387 милиони тони пластика, во споредба со 2 милиона произведени во 1950 година. Неверојатната преголема потрошувачка на овој материјал има деструктивен ефект врз животната средина, при што нашите океани најмногу страдаат. Се проценува дека 8 милиони парчиња пластично ѓубре секој ден се фрлаат во океаните, што се плус на тие 5,25 билиони парчиња што веќе се наоѓаат таму.

Пластичниот отпад предизвикува смрт кај 100 милиони морски животни на годишно ниво, а се проценува дека до 2050 година во голема мера ќе ги надмине и рибите во океанот.

1

3

Без сомнение ги губиме океаните, кои се одговорни за производство на половина од кислородот во светот. За среќа, постојат луѓе што се обидуваат да му стават крај на пластичниот отпад во океаните, чистејќи го нередот што сите ние го предизвикавме.

На 23 јуни бродот на Институтот „Оушн Војаџес“, кој се залага за обновување на океаните, се врати од херојско патување. По 48-дневна експедиција, 103 тони пластика биле отстранети од Големиот пацифички тепих од ѓубре. До денес, ова е најголемото чистење на пластика од овој пацифички тепих.

4

5

- Горд сум на нашата вредна екипа. Ја надминавме нашата цел - 100 тони пластика. Продолжуваме да помагаме во обновувањето на здравјето на нашиот океан, што влијае врз нашето здравје и здравјето на планетата - вели Мери Краули, основач и директорка на Институтот „Оушн Војаџес“.

Благодарение на ефективните методи на Краули за отстранување масивни количества на пластика од океанот, мисијата успеала да острани 48 тони пластика за време на две чистења во 2019 година.

Огромната количина ѓубре што неодамна беше собрана во моментот се подготвува за соодветно отстранување.

Извор: Bored Panda