ЗОО од Сан Антонио направи реплики на животните од над 3 милиони лего-коцки

ЗОО од Сан Антонио направи реплики на животните од над 3 милиони лего-коцки

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

По неколкумесечното заклучување на градовите и државите низ светот предизвикано од пандемијата на Ковид-19, парковите и зоолошките градини почнаа да ги отвораат вратите и да ги поздравуваат своите посетители.

Но, бидејќи луѓето сè уште се прилично внимателни во однос на собирањето на јавни места, овие места мораа да размислуваат креативно за да привлечат повеќе луѓе.

Така, зоолошката градина во Сан Антонио, САД, одлучи да направи реплики од животните со иста големина користејќи лего-коцки. Најдобриот дел е што можете да ги разгледувате без да излезете од автомобилот.

Изложбата на диви животни наречена „Диви врски“ беше создадена од познатиот њујоршки уметник Шон Кени, кој е исто така овластен професионалец за лего-коцки. Овие животни се целосно изработени од лего-коцки и ќе бидат изложени до 5 септември. На изложбата се претставени над 30 скулптури, создадени со повеќе од 3 милиони лего-коцки.

Секоја скулптура е уникатна и за нејзина изработка се потребни многу време и трпеливост. На пример, скулптурата на панда-бебињата била правена 405 часа, а за да ја создаде, уметникот употребил 53.460 лего-коцки, додека за скулптурата на орелот му биле потребни 184 часа и 42.198 коцки.

Извор: Bored Panda
Фото: Instagram