Познат датумот на премиерата на новата серија за „Господар на прстените“

Познат датумот на премиерата на новата серија за „Господар на прстените“

Подготвил: Драгана Петрушевска

Наскоро пристигнува серија „Господар на прстените“, во продукција на „Амазон“. Серијата е базирана на популарните книги од Џ. Р. Р. Толкин и премиерно ќе биде прикажана на 2 септември наредната година на „Прајм видео“, платформата за видео содржини на „Амазон“.

Првата епизода ќе биде достапна истовремено во 240 земји и територии, а секоја недела ќе излегува по една нова епизода, пренесува Си-ен-ен.


Снимањето на првата сезона завршило неделава во Нов Зеланд. Серијата ќе следи приказна која се случува илјадници години пред настаните во книгите на Толкин. Некои ликови ќе бидат познати, додека други ќе бидат нови.

Серијата беше најавена во 2017, а оттогаш привлече најголемо внимание поради буџетот. Се проценува дека снимањето на само првата сезона чини над 450 милиони долари, што е повеќе од повеќето популарни серии.

Извор: CNN
Фото: Screenshot/Youtube