Работниот век во ЕУ се намалил, првпат од 2000 година

Работниот век во ЕУ се намалил, првпат од 2000 година

Подготвил: Драгана Петрушевска

Жителите на земјите-членки на Европската Унија во просек живеат подолго, а работат помалку години, покажуваат податоци од 2020 г.

Просечниот број на работните години за Европејците се намалил првпат во овој век. Еден 15-годишен жител на ЕУ ќе помине просечно 35,7 години работејќи. Ова е 0,2 години помалку од просекот претходната година.


Фото: Eurostat

Сепак, графиконот на „Еуростат“ покажува дека бројот на работни години бил поголем во 2020 отколку на почетокот на векот.

Истовремено, медијаната на староста во ЕУ се зголемува и до 2050 г. се очекува да изнесува 48,2 години. Дотогаш се очекува да има половина милион стогодишници во земјите-членки на ЕУ.

Една од причините за намалениот број години што Европејците ги поминуваат работејќи можеби е пандемијата, што принудила многумина да престанат да работат или бараат работа, според извештај од „Еуростат“.

Извор: World Economic Forum
Фото: Pixabay