Германски истражувачи откриле ген кој го намалува ризикот од смрт од ковид-19

Германски истражувачи откриле ген кој го намалува ризикот од смрт од ковид-19

Подготвил: Драгана Петрушевска

Истражување спроведено на универзитетот „Дисбург-Есен“ во Западна Германија покажало дека постои ген кој го намалува ризикот од смрт од ковид-19 за дури 35 отсто.

Истражувањето било направено на 1.570 пациенти кои боледувале од ковид-19 во 2020 и 2021. Вкупно 205 испитаници, односно 13 отсто, имале благ облик на болеста, 760 или 48 отсто биле хоспитализирани, а 292 или 19 отсто завршиле на интензивна нега. Починале 313 пациенти, односно една петина од вкупниот број испитаници.

Генот кој кај дел од пациентите ја намалил веројатноста од смртен исход е наречен ГНБ3 ТТ. Се проценува дека околу 10 отсто од жителите на Европа го имаат овиј ген кој ги декодира таканаречените Г-протеини, кои се важни за повеќе процеси во телото.

Истражувањето покажало дека генот поттикнува брза активација на имунолошка реакција, што може да објасни зошто ризикот од смрт е помал кај луѓето кои го имаат генот, објаснила истражувачката Бирте Мулендик.

Во истражувањето не се следело однесувањето на новиот сој на коронавирусот, омикрон.

Извор: Fenix-magazin
Насловна фотографија: Pixabay