Во ова село сонцето заоѓа двапати во истата ноќ: Небесен спектакл што го воодушеви светот
На северот од Шпанија, во провинцијата Бургос, се наоѓа селото Авељаноса де Муњо кое поголемиот дел од годината минува речиси незабележано. Има едвај десетина постојани жители, нема продавница, ресторан, ниту какво било место што би ги привлекло туристите.
Но, на 12 август 2026 година, ова мало село ќе стане едно од најбараните места во Европа за набљудување на небото.
Причината е целосното затемнување на Сонцето, кое ќе биде прво видливо од континентална Европа уште од 1999 година, а прво целосно помрачување што ќе се види од континентална Шпанија уште од 1912 година.
Две затемнувања во само неколку минути
Авељаноса де Муњо се наоѓа точно на патеката на тоталното затемнување, но не е посебно само поради тоа.
Затемнувањето ќе се случи непосредно пред заоѓањето на Сонцето, па набљудувачите ќе имаат чувство како да доживеале две заоѓања на Сонцето за само неколку минути.
За време на тоталитетот, дневната светлина речиси целосно ќе исчезне, за веднаш потоа да се врати и набрзо повторно да му отстапи место на вистинското затемнување.
Физичарите го опишуваат овој феномен како една од најнеобичните глетки што може да се види на Земјата.
Истата ноќ пристигнуваат и Персеидите
Спектаклот нема да заврши со затемнувањето. Откако ќе падне ноќта, небото над селото ќе го осветли и метеорскиот дожд Персеиди, еден од најпознатите и најактивните во годината.
Поради речиси целосното отсуство на светлосно загадување и широкиот поглед кон хоризонтот, ова село се смета за едно од најдобрите места во Шпанија за набљудување на двете појави во текот на истата вечер.
Денес во Авељаноса де Муњо живеат едвај околу десетина луѓе. Некогаш имало повеќе од 200.
Мештаните се сеќаваат на времето кога селото имало продавници, пошта, лозја и бројни земјоделци. Со текот на времето, младите заминувале за Мадрид, Барселона и Билбао, а механизацијата речиси го изгаснала животот во местото.
Денес овде има повеќе кози отколку жители. Сепак, затемнувањето на еден ден ќе го врати животот во селото.
Семејствата што одамна се иселиле се враќаат со децата и внуците, а се очекуваат посетители од цела Шпанија, но и од Велика Британија, Франција, Венецуела и други земји.
Мештаните велат дека идеално место за набљудување на затемнувањето е се пештерите над селото.
Тоа место има и посебна емотивна вредност за жителите. Со генерации токму тука се собирале за заедно да го гледаат заоѓањето на Сонцето, а еден од поранешните жители дури сакал неговиот пепел да биде распределен токму на тоа место.
Туристите резервираат сместувањето со години однапред
Интересот за овој настан започна многу порано отколку што би се очекувало.
Хотелот „Парадор де Лерма“, кој се наоѓа во блиското историско гратче, е целосно резервиран уште од 2022 година, а речиси сите сместувачки капацитети во околината одамна се пополнети.
Туристичките организации наведуваат дека астрономите и љубителите на затемнувањето барале „најдобро место за набљудување, а не најпознато“, поради што токму овој заборвен агол од Шпанија се најде на мапата на светот.
За жителите на Авељаноса де Муњо ова не е само астрономски настан туку можност семејствата повторно да се соберат, селото на неколку часа повторно да оживее и детската смеа да се врати на улиците кои со години се речиси пусти.
И токму поради тој необичен спој на географијата, астрономијата и човечките приказни, малото шпанско село што поголемиот дел од годината речиси никој не го забележува ќе стане, барем за една ноќ, центар на светот.
Извор:
BBC
Фото:
Facebook