Дава отпор за градинка иако е запишан од пред една година. Воспитувачките велат дека не сака метеж и не дава никој да му се приближи...
Детето има 2 години и никако не може да се навикне да оди во градинка. Го носиме од 9 месеци, но со чести прекини поради процесот на адаптација, настинки, вируси… Нормално, на почетокот многу плачеше, но подоцна како да се поднавикна, иако воспитувачките секојдневно ни кажуваа дека нашето дете не сака метеж. На почетокот мислевме дека ќе се навикне на новата средина, но како расте и почнува да ги осознава работите и да кажува зборови, постојано кажува неколку имиња од дечињата што одат во градинка и покажува дека го удираат. Воспитувачките велат дека нема такво нешто, туку дека нашето дете не сака метеж и не сака никој да му се приближи. Последниве 2 недели многу плаче кога го оставаме. Како да се справиме со оваа ситуација? Дали детето доживува некој стрес или и само период кој ќе помине?
Одговорот од психологот прочитајте го на
Деца.мк