Хрват ставил оглас на вратата дека продава кучиња, добил казна поголема од пензијата

Хрват ставил оглас на вратата дека продава кучиња, добил казна поголема од пензијата

Пензионер (68) од Хрватска е казнет со 660 евра поради оглас во кој понудил за продажба четири кученца, иако на крајот ниедно не продал.

Прекршокот, според пресудата, го направил помеѓу 10 ноември 2025 и 16 јануари 2026 година, кога на капијата во дворот поставил натпис со кој огласил продажба на четири кученца. По пријавата, Државниот инспекторат утврдил дека не го регистрирал одгледувањето кај надлежното министерство.

Пензионерот го признал прекршокот и рекол дека не знаел дека мора да го регистрира одгледувањето. Раскажал дека живее сам и дека тогаш имал здравствени проблеми. Поради тоа, четирите кученца кои на свет ги донел неговиот миленик му претставувале дополнителна обврска.

Не ги ни продал кученцата

Сите кучиња останале во неговото домаќинство. На судот му рекол дека од пензијата од 600 евра одвај ги подмирува основните животни потреби и дека не може да ја плати високата казна.

Судот ги зеде предвид неговите приходи и имотна состојба, тоа што досега не бил казнуван, признавањето на прекршокот и неговиот однос кон сопствената постапка.

За тој прекршок е пропишана казна од 1.990,84 до 3.981,68 евра. Судот, со примена на одредбата за ублажување на казната, му изрече 660 евра, односно помалку од законскиот минимум.

Извор: бука
Фото: magnific