Овој град е прогласен за најбезбеден за туристите во 2027 година
Канадскиот град Монтреал е прогласен за најбезбеден град во светот за патувања во 2027 година, покажува новото истражување на компанијата за патничко осигурување „Беркшир Хатавеј травел протекшн“.
Меѓу 15. најбезбедни туристички дестинации се наоѓаат дури девет европски градови, според истражувањето на осигурителната компанија „Беркшир Хатавеј травел протекшн“.
Монтреал го зазеде првото место со 82,18 поени, откако минатата година беше на 16. позиција. Градот беше особено пофален поради ниската стапка на криминал, а како еден од главните предизвици за посетителите биле издвоени сообраќајните метежи.
На второто место е Цирих, со 81,03 поени, со што е прогласен за најбезбеден европски град за патување. Следува Амстердам со 80,81 поен, кој исто така напредувал за едно место во споредба со претходната година.
Според истражувањето, Цирих ја должи високата позиција на безбедниот и чист јавен превоз, додека Амстердам е оценет како исклучително безбеден и покрај големиот број туристи.
Меѓу петте градови на врвот се најдоа и Токио, на четвртото место, и Рејкјавик, кој ја зазеде петтата позиција со 78,90 поени.
На листата се и Осло на 6. место, Сингапур на 7., Венеција на 8., Сиднеј на 9. и Хонолулу на 10. место.
Преостанатите пет позиции ги заземаат Даблин, Копенхаген, Барселона, Сан Франциско и Париз.
Истражувањето било спроведено меѓу повеќе од 1.500 испитаници, кои ја оценувале безбедноста на градовите што лично ги посетиле. Првичниот избор опфатил 38 популарни домашни и меѓународни дестинации меѓу американските патници.
Извор:
Klix.ba
Фото: Magnific