Поразителна мапа: Секој петти жител на Југоисточна Европа постар од 65 години!

Поразителна мапа: Секој петти жител на Југоисточна Европа постар од 65 години!

Регионот забрзано се празни и старее, а новите демографски проекции за 2030 година носат поразителна слика: повеќе од петтина од вкупното население во Југоисточна Европа ќе бидат постари од 65 години. Додека селата остануваат пусти, а градовите стануваат привремени оази за младите, се поставува клучното прашање – кој утре ќе ги носи општеството и стопанството?

Аналитичарот на податоци Милош Поповиќ објави визуелна мапа која ги прикажува размерите на стареењето на регионот до 2030 година, со предупредување дека во Југоисточна Европа уделот на жителите постари од 65 години достигнува просечно 20,1 отсто.

Изразен демографски јаз

Приказот по микролокации ги разголува длабоките нерамнотежи и последиците од повеќедецениското занемарување на внатрешноста:

Сурово празнење на внатрешноста: Најголемиот удел на постарото население (над 30 до 34 отсто) е присутен во руралните делови на Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Бугарија и Грција, погодени од масовно иселување на работоспособното население.

Главните градови како привремен азил: Сараево, Белград, Загреб, Подгорица, Скопје и Тирана се прикажани со значително пониско учество на постарото население бидејќи овие центри и понатаму ја привлекуваат преостанатата младина поради студии и работа, што само привремено ја маскира длабочината на кризата.


Притисок врз фондовите и општество без перспектива

Проекцијата дека секој петти жител на регионот ќе биде во пензија носи огромни социо-економски потреси. Опаѓањето на бројот на работoспособното население директно ја загрозува одржливоста на пензиските фондови, става притисок врз здравствените системи и создава хроничен дефицит на работна сила.

Извор: бука
Фото: принтскрин/инстаграм