Што точно се случува кога ќе го деактивирате вашиот фејсбук-профил?

Што точно се случува кога ќе го деактивирате вашиот фејсбук-профил?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Во текот на изминативе неколку години „Фејсбук“ се соочи со скандали и ги оправда сомнежите на  корисниците, кои сѐ повеќе се грижат за својата дигитална безбедност. Резултатот е #DeleteFacebook, кампања што можеби и вас ве поттикна да ги избришете вашите траги од дигиталната империја на Марк Закерберг.

Но, што ако постои алтернатива? Што ако наместо бришењето на „Фејсбук“, едноставно можете да го деактивирате профилот?

Разликата помеѓу деактивација и бришење

Наместо целосно да го избришете вашето присуство на „Фејсбук“, секогаш можете да го деактивирате вашиот профил. Разликата меѓу деактивацијата и бришењето на профилот се информациите што ги оставате. Ако сакате да направите мала пауза од социјалните мрежи, деактивацијата е добра опција.

Бришењето на фејсбук-профилот е конечно решение и дефинитивно ви предлагаме двапати да размислите пред да го направите тоа.

Дали луѓето може да го пребаруваат вашето име кога ќе го деактивирате фејсбук-профилот?


Да, дефинитивно - само нема да им се појави во резултатите. Вашиот профил, лајковите и профилот ќе исчезнат, но ќе мора да направите неколку работи пред да успеете. Накратко, сѐ што имате на „Фејсбук“ ќе биде невидливо.

Ако одлучите да го избришете фејсбук-профилот, тој ќе исчезне. Но, целосното бришење нема да се случи неколку дена по вашата одлука бидејќи „Фејсбук“ ќе ви даде време да се премислите. Ако се вратите на „Фејсбук“ набрзо откако сте го деактивирале профилот, тој автоматски ќе се реактивира.

Понатаму, ќе ви бидат потребни 90 дена пред вашите информации да се избришат од фејсбук-серверите. Некои детали и понатаму ќе постојат, но сите лични карактеристики ќе исчезнат. Накратко, по бришењето на профилот ќе станете само статистика.

Дали со бришењето на профилот ќе се избришат и сите коментари?


Вашите објави на ѕидот нема да бидат видливи, а нема да можат да ги пронајдат ни вашите пријатели. Целиот профил едноставно ќе исчезне.

Ова не важи за коментарите што сте ги оставиле на туѓите профили. Имено, „Фејсбук“ е опседнат со сеќавањата и сака да почувствувате носталгија кога ќе сакате да го избришете профилот. Компанијата сака да останете верни на нејзиниот бренд и тоа е причината зошто не сака да ги избрише вашите коментари. Вашето име ќе биде со здебелен текст, а линкот до вашиот профил нема да биде достапен.

Ако се вратите, сите објави и коментари ќе се вратат во живот. Но, ако сакате целосно да го избришете вашиот профил, социјалната мрежа вели дека податоците ќе исчезнат во период од три месеци, но тоа не можат да го гарантира за коментарите, реакциите и објавите на туѓите профили.

Дали може да се користи „Месинџер“ без „Фејсбук“?


Ако го избришете фејсбук-профилот, нема да можете да го користите „Месинџер“. Причината е во тоа што по деактивацијата на профилот, „Фејсбук“ ќе ве праша дали сакате да ги избришете профилот во „Месинџер“. Ако одговорите со не, вашите информации ќе останат зачувани во апликацијата.

Дали луѓето можат да ги видат вашите пораки ако го деактивирате фејсбук-профилот?


Да, и понатаму ќе можете да користите „Месинџер“, што значи дека вашите пораки ќе бидат видливи по деактивацијата на профилот. Откако ќе притиснете „испрати“, сѐ додека имате пристап на интернет, пораката ќе биде испратена.

Ако го избришете „Фејсбук“, вашите досегашни пораки ќе имаат потпис „Корисник на Фејсбук“ и тие не можат да ви одговорат.

Дали може да се реактивира фејсбук-профилот?

Ако сте го деактивирале профилот, сѐ што треба да направите е повторно да се пријавите. Можете да ја промените лозинката ако мислите дека поминало многу време или ако сте ја заборавиле. Ако постои вашиот профил, значи дека постојат и вашите лични информации.

Што ќе се случи со фотографиите по деактивацијата?


„Фејсбук“ ги зачувал вашите податоци во случај да сакате да се вратите, што значи дека тагнувањето на фотографиите ќе ве чека да се вратите. Сите тагнувања ќе бидат обичен текст.

Истото ќе се случи и кога ќе го избришете профилот - ако отворите нов, изворните објави нема автоматски да се поврзат со вашето име. Ако се вратите, ќе мора да ги замолите пријателите повторно да ве тагнат на сликите и да се поврзат на вашиот нов профил.