Знаци дека не се храните здраво

Знаци дека не се храните здраво

Без анализа на крвта со која може да проверите дали сте слабокрвни не постои друг начин со кој може да бидете сигурни дека треба да јадете поздраво. Но, утврдено е дека извесни симптоми, како умор и депресија, укажуваат на неправилната исхрана. Следуваат најчестите проблеми поврзани со лошите навики во исхраната.

Лошо расположение или депресија

Докажано е дека недостигот на доволно омега 3-масни киселини и витамин Б може да предизвика лошо расположение, па дури и депресија. Јадете риба најмалку двапати неделно. Потоа, овие витамини и масти ги има и во зелениот зеленчук. Витаминот Б6 го има во бананите и житарките.

Постојан глад

Прескокнувањето на појадокот или на други оброци може да го предизвика ова. Освен тоа, можеби внесувате „празни калории“, односно индустриски преработени намирници со големо количество масти и шеќери кои заситуваат брзо, но од кои огладнувате побрзо. Распоредувајте ги оброците рамномерно во текот на денот. Никогаш не прескокнувајте го го појадокот.

Неочекувани појави на глад

Овие проблеми се поврзани со строгите диети, прескокнувањето на оброците и јадењето нездрава храна. Исхраната треба да биде урамнотежена. Јадете разновидни намирници. Повеќе суво овошје, бадеми или свежо овошје може да ви помогнат во решавањето на проблемот.

Анксиозност и нервоза

Прескокнувањето на оброците и внесувањето помалку калории од потребното може да предизвикаат напнатост и нервоза. Згора на тоа, големото количество кафе може да биде причина за ова. Потребно е да внесувате најмалку 1.800-2.000 калории дневно, но исхраната треба да се состои од повеќе овошје и зеленчук, а помалку кафе.

Умор и недостиг на енергија

Сиромашната исхрана може да биде причина за ова. Мора да внесувате доволно јаглехидрати за да имате енергија во текот на денот.