Откриено ново проѕирно животно во морските длабочини

Откриено ново проѕирно животно во морските длабочини

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Научници од Националната администрација за океани и атмосфера во САД откриле ново морско животно кое личи на проѕирно желе. Животното било снимено во видео со висока резолуција.

Тимот го нарекол проѕирното животно Duobrachium sparksae. Животното е еден вид реброносец, живее покрај брегот на Порторико и е високо 6 сантиметри, доколку не се мерат неговите долги трепки. Тоа го допира морското дно со трепките, но не е јасно дали некогаш се закотвува на дното.

Научниците забележале три вакви животни, но многу работи поврзани со видот остануваат непознати.


Автор: Аманда Кусер
Извор: cnet.com
Насловна фотографија: Screenshot/Youtube