Научници создале холографска црвоточина и испратиле порака преку неа

Научници создале холографска црвоточина и испратиле порака преку неа

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Група истражувачи од САД создале холографска црвоточина и испратиле порака преку неа. Ова е првпат како се создава квантна симулација на холографска црвоточина со квантен процесор.

Теоријата за релативноста на Алберт Ајнштајн ни помага да го разбереме физичкиот свет, како астрономските тела со висока густина и енергија. Квантната механика, од друга страна, ја објаснува материјата на атомско и субатомско ниво. Принципот на холографија може да помогне во комбинирање на двете теории.

Според истражувачите, може да се испраќа порака од една до друга страна на црна дупка бидејќи за време на комуникацијата се отвора црвоточина преку која патува пораката. Тие успеале да го симулираат ова со квантен компјутер.

Тие користеле две половини на квантен компјутер кои се поврзани со холографска црвоточина, преку која била испратена пораката.

Квантниот систем кој бил искористен во експериментот е мал, но поголеми експерименти од овој вид може да им помогнат на научниците да тестираат теории за квантна гравитација, која ги спојува теоријата за релативноста и квантната механика.

Извор: Interesting engineering
Насловна фотографија: Pixabay