Ова се средношколците-лидери во стручното образование во Македонија

Ова се средношколците-лидери во стручното образование во Македонија

Подготвил: В.И.И. / vesna.ivanovska@fakulteti.mk

Лектор: Ивана Кузманоска

Деветмина средношколци од земјава победија на натпреварот „Лидер 2019“ и официјално беа прогласени за лидери меѓу врсниците во својата струка. Покрај дипломата, секој ученик-лидер на струка и наставникот кој го подготвувал за натпреварот ќе добијат и парична награда од по 10.000 денари. Дипломите денеска им ги додели министерот за образование и наука Арбер Адеми.

Дипломи добија учениците: Бранкица Несторовска од „Добри Даскалов“ од Кавадарци во економско-правна и трговска струка, Марија Гуџевска од „Ацо Русковски“ од Берово во текстилно-кожарска струка, Ангел Насев од битолското средно училиште „Ѓорѓи Наумов“ во електротехничката струка, Марко Лазаревиќ од „Димитрија Чуповски“ од Велес во хемиско-технолошката струка, Ријад Бавќари од „Боро Петрушевски“ од Скопје во машинската струка, Дарко Наумовски од „Св. Наум Охридски“ од Охрид во сообраќајната струка, Ангел Атанасов од струмичкото средно училиште „Никола Карев“ во градежно-геодетската струка, Дарко Јованов од „Кочо Рацин“ во Свети Николе во земјоделско-ветеринарната струка и Стефан Аврамоски од „Ванчо Питошески“ во Охрид во угостителско-туристичката струка.

Натпреварот се организира по шести пат, а учествуваат ученици од завршните години во средните стручни училишта. Натпреварувачите го презентираат своето теоретско и практично знаење од струката што ја изучуваат, прво на ниво на училиште, а потоа и на државно ниво.