Ова се најпривлечните земји за младите дипломци

Ова се најпривлечните земји за младите дипломци

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Според податоците од анкетата на „Галуп“ и рангирањето на индексот „Футлус“ на „Економист“, оваа анализа ги прикажува најпосакуваните дестинации за дипломците од 2010 до 2023 година.

Кои земји најмногу ги привлекуваат дипломците?


Од 2010 година Канада постојано е меѓу трите најпосакувани дестинации за високообразовани луѓе. Според последните процени, дури 17 милиони дипломци би избрале да се преселат во Канада ако имаат можност, што би ѝ донело нето-добивка од околу 15 милиони дипломци, откако ќе се одземат оние што сакаат да ја напуштат земјата.

1
Фото: Visual Capitalist

Австралија би добила околу 9 милиони нови дипломци, додека САД имаат потенцијал да привлечат 21 милион. Сепак, бидејќи околу 16 милиони Американци би сакале да се преселат на друго место, нето-добивката на САД би била само 5 милиони дипломци.

Според анализата, Канада е најатрактивна за мексиканските дипломци, додека Австралија и САД најмногу ги привлекуваат образованите Кинези.

Канада е генерално привлечна за квалификувани работници поради високите имиграциски квоти, разновидните програми за доселување и поддршката за новодојденците, како и нејзиниот имиџ на толерантна и инклузивна земја.

Најпривлечните земји според бројот на дипломци

Ако се земе предвид нето-имиграцијата во однос на веќе постојната популација на дипломци, рангирањето се менува.


1
2


Од 2010 година Нов Зеланд е водечка дестинација благодарение на флексибилните имиграциски политики и програмите за вработување по завршување на студиите.

Португалија – нова ѕвезда на имиграциската мапа

Една од најголемите промени во индексот е скокот на Португалија, која од 2010 до 2023 година скокна од 24. на 13. место во вкупното рангирање, а од 25. на 8. место во однос на дипломираните.

Бројот на дипломци што сакаат да се преселат во Португалија тројно се зголемил во последната деценија, што е најголем раст од сите земји во индексот. Ова е резултат на стратегијата на земјата да стане популарна база за дигитални номади, со програми како „Дигитална номадска виза“.

Извор: Visual Capitalist
Фото: Visual Capitalist