Една поставка на „Гугл мапс“ драстично ја подобрува офлајн навигацијата
Офлајн навигацијата во апликацијата „Гугл мапс“ е корисна, но честопати несигурна опција. Многу корисници однапред преземаат мапи и претпоставуваат дека се трајно ажурирани, што не е случај. Патарините се менуваат, се појавуваат нови патишта, старите се затвораат и без ажурирање, офлајн мапите брзо ја губат точноста. Токму затоа постои една поставка што целосно го менува корисничкото искуство.
Клучната опција се нарекува „Автоматско ажурирање на офлајн мапи“ (Auto-update offline maps). Кога е вклучена оваа функција, „Гугл мапс“ автоматски ги освежува сите преземени офлајн мапи штом телефонот ќе се поврзе на безжична мрежа. На овој начин, корисникот повеќе не мора рачно да проверува дали мапите се застарени или да се грижи дали навигацијата ќе доведе до затворена делница од патот.
Автоматското ажурирање на офлајн мапите менува сè
Ова значи дека офлајн навигацијата станува речиси исто толку сигурна како и онлајн. Се прикажуваат нови патишта, точни маршрути, кружни текови, па дури и новоотворени објекти. Наместо статична мапа што брзо станува застарена, корисникот добива дигитална мапа што се ажурира. Вклучувањето на оваа опција е особено корисно кога патувате во области со слаб сигнал, планински области или помалку развиени региони, каде што зависноста од мобилна мрежа често се покажува како проблем.
Вклучувањето на автоматското ажурирање е лесно и треба да се постави само еднаш:
-Отворете „Гугл мапс“ на вашиот телефон.
-Допрете ја вашата слика на профилот во горниот десен агол.
-Изберете ја опцијата „Офлајн мапс“.
-Допрете ја иконата за поставки во горниот десен агол.
-Вклучете ја опцијата „Автоматско ажурирање на офлајн мапи/Auto-update offline maps“.
-Во делот „Кога да се преземаат офлајн мапи/When to download offline maps“, може да се избере само вај-фај за да се заштедат мобилни податоци.

Потоа самата апликација ќе се погрижи за сè.
Дополнителен совет што се покажал како корисен е да се преземаат поголеми региони наместо многу помали. Иако автоматското ажурирање се применува на сите офлајн мапи, поголем регион го намалува ризикот помал пат да не биде опфатен со ажурирањето.
Извор: benchmark.rs
Фото: Freepik