Ќерка ми не ја трпи облеката, ја тегне, плаче, се треска од земја, сака да седи гола со часови... Ве молам за совет
Веќе неколку месеци ќерка ми сака постојано да биде гола. Ќе ѝ текне, ќе почне да се соблекува и нема шанси да ја облечам. Доаѓа од градинка и бара да се соблече. Плаче, се треска од земја, ја тегне облеката, и тоа трае неколку часа. Само што ќе се појавам со облека, одма вика дека не сака и се лепи за земја. Претходно имавме проблем со фустани, палта и чорапи, ама ова сега што сака да биде гола е премногу. Топло ни е дома, ама не за да биде 3 часа гола. Смрзната е, а не сака да се облече. Не покажала алергија на ништо, ама и така сѐ е памучно и приближно истата облека ја користиме. Папучите за во градинка моравме да ги смениме со исти такви, ама поголеми, исто и палтото и слично. Ве молам за совет!
Одговорот од психолог прочитајте го на
Деца.мк.