„Салина Турда“ - романски подземен забавен парк што ќе ве воодушеви

„Салина Турда“ - романски подземен забавен парк што ќе ве воодушеви

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Со своите трендовски кафулиња, музички фестивали и супербрз интернет, Трансилванија не е веќе дестинација за одмор само за љубителите на Дракула.

Секако, нејзините средновековни замоци се волшебни, а бајковитите села изобилуваат со богата историја. Но, светски познатиот регион сега наоѓа нови начини за да стане уште поголема атракција - со неверојатен забавен парк што ќе ве воодушеви.

Во близина на вториот најголем град на Романија и неофицијалниот главен град на Трансилванија, Клуж-Напока, лежи еден од најстарите рудници за сол во светот.

View this post on Instagram

Romania travel series #turda #salinaturda

A post shared by Özlem Dilek (@ozlemdlk_photography) on


Стар речиси 2000 години, рудникот „Салина Турда“ функционирал со векови, сè додека не бил затворен во 1932 година. Огромните пештери во рудникот биле користени како засолништа од бомби за време на Втората светска војна, а подоцна и за чување сирење.


Но, огромниот рудник сега е преуреден и претворен во футуристички забавен парк на 100 метри под земја.

На прв поглед „Салина Турда“ ќе ви го одземе здивот.


По спуштањето по тесни тунели, ќе се најдете на една висока платформа со поглед кон главната пештера. Големината на просторот едноставно е неверојатна бидејќи гледате од таванот надолу низ неонски светла кон забавниот парк што се наоѓа 40 метри надолу.

View this post on Instagram

#salinaturda #clfphotoevents

A post shared by Liviu Florin Codreanu (@liviuclf) on


Ако сте доволно храбри, можете да шетате низ периметарот на рудникот на застрашувачки дрвен премин. Доколку не сакате да експериментирате, можете да се упатите кон панорамскиот стаклен лифт што ќе ве одведе до главниот кат.


Самиот забавен парк не е баш високотехнолошки. Има мини-голф, билјард-маси, маси за пинг-понг, ракометно игралиште и кугларница. Омилено на фановите е 20-метарското тркало.


Во центарот на рудникот е неверојатното подземно езеро, а има и друг лифт што ве носи до подлабока пештера на околу 120 метри под земја.

View this post on Instagram

#saltmine #salinaturda

A post shared by Szőcs Hanna (@szocshanna) on


Таму можете да преминете на мал остров каде што може да ги истражувате најоддалечените точки на лагуната, додека се восхитувате на „солениот водопад“ над вашата глава.

Меѓу сите возења во забавниот парк се среќавате со блесоци на уметност, природа и историја. Сталактитите висат од мермерниот плафон, додека старите двоколки ве потсетуваат на макотрпната работа на рударите.

Извор: News.com.au
Фото: Instagram