Планот на НАСА за заштита на Земјата од удар од астероид

Планот на НАСА за заштита на Земјата од удар од астероид

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Тестот за двојно пренасочување на астероиди (англ. Double Asteroid Redirection Test - DART) е летало за планетарна одбрана на американската вселенска агенција НАСА. Агенцијата планира да го лансира леталото за помалку од една година, а на вселенската агенција ѝ помага лабораторијата за применета физика на Универзитетот „Џон Хопкинс“.

Лабораторијата објавила видео во кое го покажува патувањето на леталото до астероидот Дидим. Во близина на Дидим се наоѓа и вселенското тело Диморф, кое е големо колку Големата пирамида на Гиза.


Мисијата предвидува удирање на летало во Диморф за да се смени неговото движење околу Дидим. НАСА сака да види дали овој метод би можел да се користи за менување на насоката на опасни астероиди што би биле на пат да се судрат во Земјата.

Леталото ДАРТ би требало да биде лансирано од 24 ноември до 15 февруари наредната година. „Спејс-екс“ ќе го лансира леталото на ракета „Фалкон 9“. Доколку мисијата биле лансирана како што е планирано, леталото треба да удри во Диморф кон крајот на 2022 г.

Автор: Аманда Кусер
Извор: cnet.com
Фото: NASA