Меѓународното училиште „Максимилијан“ со целодневен настан ги одбележа Кинеската Нова година и Пролетниот фестивал

Меѓународното училиште „Максимилијан“ со целодневен настан ги одбележа Кинеската Нова година и Пролетниот фестивал

Меѓународното училиште и градинката „Максимилијан“ уште еднаш ја потврдија својата посветеност на создавање средина во која се среќаваат различни култури и вредности, обединети околу идеите за заедништво, семејство и нови почетоци.



По повод Кинеската Нова година и Пролетниот фестивал, „Максимилијан“ организира посебно осмислена програма на настани во соработка со Амбасадата на Народна Република Кина и Конфуциј Институтот. Настаните ги обединија учениците, наставниците, родителите и гостите во едно заедничко искуство на запознавање со богатството на кинеската култура и традиција.



Прославата започна со работилница за најмладите во градинката, кои имаа можност да учествуваат во подготовка на традиционални кинески дамплинзи. Преку оваа активност децата не само што создадоа свој мал кулинарски продукт, туку и на интерактивен начин научија повеќе за кинеската култура, традиција и обичаи.

Централниот настан се одржа во Меѓународното училиште „Максимилијан“, во присуство на Нејзината Екселенција, амбасадорката на Народна Република Кина, Џијанг Сјаојан (Jiang Xiaoyan), како и претставници на дипломатскиот кор, родители и гости.



Во своето обраќање пред присутните, амбасадорката истакна дека Пролетниот фестивал носи порака за обновување, семејство и просперитет — вредности кои се универзални и ги поврзуваат луѓето низ светот. Таа нагласи дека образованието претставува важен мост меѓу културите и основа за градење идни генерации кои ќе соработуваат, ќе бидат љубопитни и ќе се стремат кон нови знаења.



Програмата продолжи со музички и културен дел, во кој беа изведени традиционални кинески танци, како и презентација на автентични кинески инструменти и нивните специфики. Посебно внимание привлече и церемонијата на чај, која им овозможи на присутните да се запознаат со еден од најпознатите симболи на кинеската култура и филозофија.

- Особено сме горди што преку вакви настани на учениците им овозможуваме да учат за светот не само преку учебниците, туку и преку директно искуство, културна размена и заеднички активности. Веруваме дека токму ваквите средби ги прошируваат хоризонтите на младите и ги поттикнуваат да бидат љубопитни, отворени и подготвени за глобалниот свет - истакна Софија Филиповска Јордановска, директорка на Меѓународното училиште и градинка „Максимилијан“.



Настанот заврши со работилница по калиграфија, каде што учениците и гостите имаа можност да пишуваат кинески знаци под менторство на експерти и одблиску да ја почувствуваат естетиката и длабочината на кинескиот писмен систем.



Преку вакви настани, „Максимилијан“ продолжува да гради образовна средина која ги поврзува учениците со светот и ги охрабрува да ја откриваат богатата разновидност на културите.



(Комерцијална објава)