Спортски настан, трка Семос Едукација 10КМ Водно 2022

Спортски настан, трка Семос Едукација 10КМ Водно 2022

Викендов трчавме на трката со „Семос Едукација 10КМ Водно 2022“

- Нашата цел е оваа трка да премине во традиција, познати сме по тоа што споделуваме знаење, но сакаме и да споделуваме добри животни навики, затоа одлучивме оваа година да започнеме со креирање на оваа нова традиција – изјавија организаторите.

Учествуваа 221 натпреварувачи во машка и женска категорија, трката се одржа на 27 март со почеток во 10:00 часот.
Стартот и целта на трката беа на големиот (долниот) паркинг на Средно Водно, се трчаше по асфалтниот пат до манастирот „Св. Пантелејмон“ и назад, со должина од околу 9,6 километри.

Техничката организација беше предводена од Атлетскиот клуб „Фортиус“ од Скопје, а секој учесник – љубител на трчањето покрај одличната дружба и рекреација, доби и медал за учество во трката.

Шампионите во женска категорија, Билјана Кираџиева (1. место), Весна Кираџиева (2. место) и Бојана Наумовска (3. место) и пионерите во машка категорија, Никола Илиевски (1. место), Жан Тошев (2. место) и Јован Костовски (3. место), како најбрзи и најиздржливи се закитија со медали, парични награди и ваучери за посета на курс во Семос Едукација.
На следното видео - дел од атмосферата



(Комерцијална објава)