Нордиските земји практикуваа социјално дистанцирање и пред пандемијата

Нордиските земји практикуваа социјално дистанцирање и пред пандемијата

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Кога ќе го слушнат името на некоја земја, повеќето луѓе веднаш ја поврзуваат со некој стереотип.

Што ви доаѓа на памет кога некој ќе ја спомне Канада? Сигурно идејата дека сите се љубезни. Холанѓаните пак се поврзуваат со тоа дека постојано се напушени, а повеќето луѓе кога ќе чујат за Италија, веднаш помислуваат на пица. Се смета дека сите луѓе од нордиските земји се високи, русокоси и не многу љубезни.

Но, излегува дека она што тие најмногу го сакаат е нивниот личен простор. Луѓето од Норвешка, Шведска, Финска и другите северноевропски земји го поставија трендот на социјалното дистанцирање уште пред пандемијата.

1

Еден корисник на социјалната мрежа „Имгур“ неодамна сподели неколку фотографии на кои се гледа како нордиските луѓе практикуваат социјално дистанцирање неколку години пред пандемијата.

Почитта на нивниот личен простор е вкоренета во нордиската заедница и очигледно мерката од 2 метра оддалеченост е премногу блиска за нив. За нив, апсолутна норма е да одржуваат социјално дистанцирање додека чекаат автобус.

2

Како што објаснува Дена од „Стади ин Свиден“, дури и кога разговараат, Швеѓаните се оддалечуваат од личноста со која зборуваат, а насекаде низ Скандинавија се смета дека е некултурно да седнете до некоја личност во автобус доколку има и други слободни места.

3

3

- Според мене, сè се сведува на почитта - да ја почитуваш непознатата личност до која седиш/стоиш така што нема да ѝ зборуваш. Не знаеш ништо за таа личност, не знаеш дали сака да разговара со тебе. Иницирањето разговор во овие земји се смета за агресивно и нападно - вели Дена.

Извор: Bored Panda
Фотографии: Imgur