„Добра игра. Фер плеј“ - „Лидл“ започнува кампања за вработување
Лидл Северна Македонија ја започнува кампањата за вработување за работни позиции во логистичкиот центар во Куманово, како и во маркетите низ земјата. Со слоганот: „Добра игра. Фер плеј“, оваа кампања има цел да ги доближи можностите што ги нуди „Лидл“ како работодавач и да охрабри што поголем број заинтересирани лица да станат дел од тим кој функционира врз принципи на фер однос, транспарентност и почит.
Лидл Северна Македонија нуди јасен и структуриран процес на вработување, како и сеопфатна обука за сите нови вработени. Обуките траат од 6 до 8 недели и се дизајнирани да им овозможат на кандидатите да се стекнат со практични знаења и вештини потребни за успешно извршување на работните задачи. Работењето во „Лидл“ се темели на вредности како што се почит, доверба, високи перформанси, приземност и заедништво. Во таква средина, секој вработен е важен, ценет и поддржан, а тимската работа е клучен фактор за успех.
-Со кампањата ,Добра игра. Фер плеј’ сакаме да испратиме јасна порака дека во „Лидл“ секој има шанса да биде дел од тим кој функционира по јасни правила, со фер однос и со почит кон секој поединец. Нашата цел е да изградиме силен, професионален и посветен тим кој ќе расте заедно со компанијата. Веруваме дека вложувањето во луѓето е клучот за долгорочен успех и токму затоа создаваме средина во која развојот и напредокот се реални и достижни - изјави Теодора Хаџи-Димова Танаскоска, директорка за човечки ресурси во Лидл Северна Македонија.
Како дел од голем меѓународен малопродажен синџир, компанијата работи според воспоставени системи и процеси кои се развивани со децении и сега се применуваат и на македонскиот пазар. Ова овозможува сигурна и стабилна работна средина, како и јасни можности за учење, професионален развој и напредување. Компанијата работи транспарентно и во согласност со сите законски норми, обезбедувајќи им на вработените сигурност и стабилност, но и дополнителни придобивки што придонесуваат за подобар квалитет на живот, вклучувајќи приватно здравствено осигурување и проширени здравствени прегледи.
Со своето децениско меѓународно искуство, покрај отворањето нови работни места, „Лидл“ поставува и нови стандарди во однос на работните услови, организацијата и грижата за вработените, активно придонесувајќи кон унапредување на пазарот на труд.
(Комерцијална објава)