Повик за апликации за НАТО Програмата за млади професионалци

Повик за апликации за НАТО Програмата за млади професионалци

Програмата на НАТО за млади професионалци го објави повикот за привлекување млади талентирани лица од земјите членки на Алијансата.

Тригодишната програма нуди можност заинтересираните кандидати да ја развијат нивната кариера и да се стекнат со низа искуства во рамките на НАТО. Кандидатите што ќе бидат избрани ќе бидат распоредени во различни тела на НАТО во периоди од по една година, за вкупно три тела на Алијансата.

По завршувањето на тригодишната програма, врз основа на потребите и индивидуалните способности, учесниците можат да бидат назначени на позиција во едно од телата на НАТО каде што претходно работеле за дополнителен период од три години.

Програмата е отворена за аплицирање на млади лица на возраст од 21 до 32 години со завршени магистерски студии, минимум 1 година работно искуство и активно познавање на еден од двата официјални јазика во рамките на НАТО (англиски или француски).

Рокот за аплицирање е заклучно со 31 мај 2026 година.

Повеќе информации може да добиете на следнава адреса: https://bit.ly/3QNQtz6