Син ми е несигурен и тешко склопува пријателства, не игра со другарите од одделение зашто има чувство дека го мразат... Како да постапам?

Син ми е несигурен и тешко склопува пријателства, не игра со другарите од одделение зашто има чувство дека го мразат... Како да постапам?

Мојот син има 9 години и уште од прво одделение се чувствува несигурен и тешко склопува пријателства. И кога сме излезени, полесно му е да си игра со помали дечиња отколку со врсници. Кога му велам да игра фудбал со врсниците пред зграда, вели дека не го бидува, така му кажале во училиште. Има неколку дечиња што го задеваат во одделението и поради нив му е нарушена самодовербата. Истите дечиња, откако моето дете ќе се одбрани, први се жалат кај наставничката и најчесто тој излегува виновен и проблематичен. Неодамна ми кажа дека има чувство како да го мразат сите бидејќи не си играат со него. Иако станува збор за неколку дечиња (претходно споменатите), неговиот впечаток е дека никој не го сака. Некој од другарите и не сакајќи да го сопне, мисли дека му го направиле тоа намерно. Ве молам за насоки како да постапам.

Одговорот од психологот прочитајте го на Деца.мк