Телото му е како филмско платно - има 63 тетоважи од Марвеловите суперхерои и го собори Гинисовиот рекорд

Телото му е како филмско платно - има 63 тетоважи од Марвеловите суперхерои и го собори Гинисовиот рекорд

Маж од Англија го собори Гинисовиот светски рекорд по бројот на тетоважи на ликови од стриповите на Марвел. 

Телото на Том Редфорд од Хал го прекриваат 63 тетоважи со ликови на суперхерои од универзумот на Марвел. Овој 40-годишник вели дека повеќе од 350 часа бил под иглите за тетовирање на сите овие ликови, што го чинело околу 20.000 евра. Првата тетоважа била ликот на Танос и е направена во 2016 година, кога и го запознал актерот Џош Бролин кој го толкува овој стрип-јунак. На неа го додал и автограмот на Бролин. Редфорд вели дека е опседнат со Марвел и дека собира сè што има врска со овој стрип-универзум.



- Кога го тетовирав Танос, сакав да го ставам на врвот на бутот, размислувајќи дека ако не испадне добро, би можел да го скријам. Излишно е да се каже дека беше подобро од совршено и дека се јави желба за уште тетоважи - додаде тој.

Тату-мајсторот на Редфорд е неговиот сограѓанин Енди Вокер, кого го опишува „како уметник“. Тие двајца станале блиски пријатели.



- Не го планирав ова и не мислев дека целото тело ќе го прекријам со тетоважи. Мислам дека сум зависен - вели Редфорд.

Претходниот рекорд беше 31 тетоважа, сè додека Редфорд не ја започна неговата авантура пред десет години. Сака да ги додаде ликовите на Капетан Америка, Ајронмен, Халк и Вулверин – помеѓу пазувите и препоните. Мајка му го замолила да не става тетоважи на лицето, вратот и рацете.

-Трпев болка на места кои никој никогаш нема да ги види, сè поради овој рекорд. Малкумина можат да го разберат тоа -  вели тој.



Извор: bbc
Фото: принтскрин/јутјуб