Кога СЗО би прогласила крај на пандемијата?

Кога СЗО би прогласила крај на пандемијата?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Пред неколку месеци светот се соочи со коронавирусот. Светската здравствена организација прогласи пандемија, која ќе заврши кога експертите ќе заклучат дека ширењето на коронавирусот е мало и под контрола. Кога ќе се случи тоа, зависи од следните постапки на државите.

Тие имаат три главни опции: да побрзаат да ги вратат сите активности во нормала, да го одложат ширењето и да ги вакцинираат граѓаните или да се координираат и да го победат коронавирусот. Во првата опција, државите не преземаат многу мерки и дозволуваат коронавирусот да се шири побргу меѓу граѓаните. По одредено време ќе се создаде имунитет кај граѓаните.


Фото: Pixabay

Во втората опција, за која се одлучија повеќето држави, властите преземаат мерки за да го намалат ширењето. Експертите и научниците во меѓувреме работат на вакцина или лек за болеста. Пандемијата ќе биде готова кога ќе се создаде имунитет откако ќе се вакцинираат барем 40% од населението.

Во третата опција е потребна координирана реакција на коронавирусот со комбинација од мерки кои ќе бидат применети секаде. Доколку сите земји се координираат, тие заедно може да ѝ стават крај на пандемијата за неколку месеци. Но доколку коронавирусот не биде целосно елиминиран, пандемијата може да се појави повторно со нов бран на ширење.

Одложувањето на ширењето на коронавирусот додека да се добие вакцина или лек, во комбинација со одредено координирање помеѓу земјите, се смета за најдобра опција за најбрзо и ефикасно завршување на пандемијата.


Извор: ed-ted.com