„СИСТИНА ОФТАЛМОЛОГИЈА“ - 10 години доверба

„СИСТИНА ОФТАЛМОЛОГИЈА“ - 10 години доверба

“Систина Офталмологија” е првата приватна болница во РС Македонија основана во 2010 година, сo која понудивме целосен дијагностички и хируршки третман на сите проблеми со видот и очите и континуирано го зголемувавме растот и обемот на работа и преку границите на земјата. Oд самиот почеток ги пратиме и аплицираме најновите техничко технолошки трендови во офталмологијата и инвестираме во знаењето на нашиот тим; со што одговараме на потребите на нашите се поедуцирани пациенти и им овозможуваме повисок стандард, квалитет и комфорт во нивното секојдневие.

Во 2016 година “Систина Офталмологија” и „Свјетлост“ направија договор за стратешко партнерство со кое болницата го надгради своето работење. Со отворање на рефрактивниот оддел на “Систина Офталмологија” постави повисоки стандарди во офталмологијата во Македонија воведувајќи нови типови на интервенции и технолошки иновации кои значајно го подобруваат комфортот и квалитетот на живот на своите пациенти.



Од бројка со само 9 вработени, денес болницата брои 62, меѓу кои 8 офталмолози, 2 професори, 4 доктори на науки. Уште од самиот почеток на работење “Систина Офталмологија” потпиша договор со Државниот фонд и така овозможи дел од хируршките интервенции во болницата да бидат достапни за сите осигуреници. Со почетокот на нашето работење на болницата во Скопје, каде што покрај дијагностика се одвиваат и сите видови операции, во 2017 година отворен е дијагностички центар во Битола, а потоа во 2019 година уште по еден во Тетово и Гостивар.

“Систина Офталмологија” е прва во регионот која го основа својот Patient Experience Office (Центар за искуство на пациенти) со мисија да осигура квалитет и континуитет во својата грижа за пациентите и со тоа стана дел од светската мрежа на Patient experience. Преку заеднички и координирани активности со медицинскиот тим во болницата, PX Office ги адаптира и аплицира најновите академски знаења и пракса во здравствен менаџмент.

Тим составен од професионалци во областа на здравстениот менаџмент, дигиталниот маркетинг, комуникација, човечки ресурси и медицинска пракса, секојдневно креираат, предлагаат и реализираат стратегии и програми кои заедно со медицинскиот дел на болницата креираат позитивна атмосфера за работа и позитивни искуства за нашите пациенти.

Веруваме дека успехот е секогаш резултат на знаењето и меѓусебното разбирањето и напорната работа. Затоа “Систина Офталмологија” во изминативе 10 години, самостојно и во соработка со познати фармацевтски куќи и здруженија на граѓани, организираше бројни советувања и предавања за општата популација на различни теми: интервенции на катаракта со монофокални и мултифокални леќи, корекција на диоптрија, витректомија, глауком, страбизам и останато. Досега се направени повеќе од 300-тина предавања и советувања кои биле посетени од околу 5000 граѓани а на најразлични теми од областа на офталмологијата.

Ние веруваме дека само во соработка со колегите од медицинската фела од земјата и регионот можеме да имаме успех. Затоа веќе 4 години сме домаќини на Симпозиумот “Новитети во офталмологијата” кој е одличен настан каде што се пренесуваат најновите искуства од праксата во работењето на кој што свои предавања имаат доктори од приватното и јавното здравство. Овој симпозиум е посетен од над 250 офталмолози од Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Албанија како и од други Европски земји.

“Систина Офталмологија” заедно со своите вработени континуирано гради култура на вложување во заедницата преку различни проекти кои веруваме дека ќе ја унапредат. Медицинскиот персонал има вложено над 3500 часа волонтерска работа преку предавања за граѓаните со цел подигнување на свеста за очните болести. Поддржувачи сме на бројни настани и манифестации од областа на културата. А во моменти кога е потребно организираме и хуманитарни акции со цел да се помогне и на најранливите категории на граѓани. Ние сме дел од заедницата и сме одговорни кон неа.

2020 година направивме уште еден чекор напред, пред се иновативен со воведување на дигитализација во нашето работење. За сите оние пациенти кои не можат да дојдат во болницата од различни причини, а со цел да им овозможимие континуитет во медицинската грижа воведовме нови начини за давање медицинска грижа преку: отворена телефонска линија за консултација со доктор, вебинари со со доктор за различни офталмолошки теми, како и можност за индивидуални on-line консултации доктор - пациент.

(комерцијална објава)