Овие карипски земји нудат државјанство за сите: Потребно е да исполните еден услов

Овие карипски земји нудат државјанство за сите: Потребно е да исполните еден услов

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Овие карипски земји нудат државјанство за сите, а потребен е само еден услов.

Пет земји на Карибите нудат државјанство за имигрантите под услов да купат недвижен имот или да инвестираат пари. Станува збор за шемите „државјанство по инвестиција“.

Едноставно кажано, државјанството по инвестициски шеми им дава на луѓето шанса да стекнат државјанство во земјата преку лиценциран агент. На Карибите ова се следните земји: Антигва и Барбуда, Доминика, Гренада, Свети Кристофер и Невис и Света Луција.

Секоја земја има различни правила за шемата „државјанство по инвестиција“. Во наједноставниот случај, од вас ќе биде побарано да купите недвижен имот, во други земји постојат објекти што може да се купат, додека во трети од вас се бара да инвестирате во одобрен бизнис или да донирате во одобрен државен фонд.

На пример, во Антигва секој имот купен за државјанство може да се продаде пет години подоцна, а инвеститорите во меѓувреме можат да заработат од изнајмување. Другите земји што учествуваат во шемата имаат различни правила.

- Иако процесот на инвестирање во недвижен имот преку програмите за миграција на инвестиции не се разликува многу од другите набавки на недвижен имот, инвеститорите треба тесно да соработуваат со нивните инвестициски советници за да се осигурат дека ги исполнуваат критериумите за подобност на нивните избрани програми - вели Томас Скот, глобален шеф за недвижен имот за државјанство во компанијата „Хенли & партнерс“.

Колку чини недвижниот имот?


Секоја карипска земја што нуди државјанство по инвестициски шеми има различни минимални цени за купување имот.

Секој што ќе се одлучи за државјанство по инвестициска шема во Антигва и Барбуда преку недвижен имот мора да потроши најмалку 200.000 долари за недвижен имот. Минималниот праг во Доминика и Света Лусија е исто така 200.000 долари.

Во Гренада минималната куповна цена е 270.000 долари, а во Свети Кристофер и Невис минималната е 400.000 долари.

Имотите на отворениот пазар, како и оние од одобрени инвеститори, може да се користат како дел од државјанството по процес на инвестирање.

Сепак, најважно е дека во Доминика, Гренада и Света Луција само имотите купени од одобрени развивачи може да се користат за оваа шема.

Извор: Avaz.ba
Фото: Pixabay