Потврдено е - мачките го јакнат нашиот имунитет и нѐ прават подобри луѓе

Потврдено е - мачките го јакнат нашиот имунитет и нѐ прават подобри луѓе

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Љубителите на мачки сигурно ќе се согласат со ова тврдење. Не е чудно што толку многу луѓе избираат мачка за свое милениче и секојдневен придружник. Тоа се животни кои ни помагаат да бидеме ментално и физички поздрави и, како што покажале некои истражувања, нѐ прават подобри луѓе.

Мачките се животни кои ни помагаат повеќе да се дружиме и да го зголемиме бројот на нашите социјални интеракции. Може да забележите дека непознати луѓе се посклони да се поздрават, да се насмеат, па дури и да започнат разговор со вас кога сте со вашата мачка. Поголемиот дел од времето кога споделувате смешна приказна за вашата мачка луѓето веднаш ги раскажуваат своите искуства. Овие кратки социјални интеракции прават да се чувствуваме поповрзани со заедницата.

Студијата на Американското здружение за срце заклучува дека сопствениците на домашни миленици имаат намален ризик од развој на кардиоваскуларни болести, вклучувајќи висок холестерол, висок крвен притисок и дебелина. Исто така, постојат студии кои посочуваат дека сопствениците на мачки имаат помала веројатност да доживеат срцев удар или мозочен удар од луѓето што немаат домашно милениче мачка,

Мачките повеќе сакаат да бидат опколени со луѓе отколку да јадат, покажало едно истражување

Интеракцијата со мачки, исто така, помага да се ослободат хормоните серотонин и допамин, кои се корисни за намалување на стресот, регулирање на вашето расположение и на крајот подобрување на вашиот имунолошки систем. Исто така, вашата мачка ќе ви помогне да останете активни, што е уште еден плус. Сите знаат дека секој вид вежбање е добро за вашето здравје, а мачките можат да ни помогнат да бидеме активни барем неколку минути секој ден.

Една интересна студија од Државниот универзитет во Орегон покажала дека мачките повеќе сакаат да бидат со своите луѓе отколку да јадат. Помеѓу храната и нивниот драг човек, мачките најчесто го избираат второто.

Извор: index.hr

Фото: Freepik