Како ќе се одвива спасувањето на децата од Тајланд?

Како ќе се одвива спасувањето на децата од Тајланд?

Подготвил: Билјана Арсовска

Веќе се знае колку ќе биде опасно спасувањето на 12. момчиња од Тајланд и нивниот тренер, кои со денови се заглавени во пештера.

Опасното четиричасовно патување до безбедно место за секое од децата ќе трае најмалку два дена. За да се подготват за излез од пештерата, секое дете прво ќе биде опремено со костим, специјални чевли, шлем и маска за нуркање. Потоа, на секое дете ќе му биде објаснето што треба да направи за да се минимизира ризикот од паника.


Фото: News.com.au

Наместо да имаат сопствени боци со кислород, момчињата ќе добиваат воздух од боците на спасувачите што ќе ги придружуваат. Нуркачите ќе користат статичко јаже прикачено на ѕидовите на пештерата за да се помогне во водењето на децата едно по едно низ пештерскиот систем.

Фото: News.com.au

Боци со кислород се поставени на секои 25 до 50 метри по должината на поврзаниот систем на пештерски комори за да може децата да добијат дополнителен кислород ако тоа е потребно.


Фото: News.com.au

Поплавениот премин кој минува низ поврзаните пештери е полн со опасни свиоци и таму видливоста е ептен мала, а водата во некои делови беше опишана како црно кафе. Преминот е најголемиот предизвик за момчињата.


Фото: News.com.au

Момчињата сега учат како да дишат со опрема за нуркање, а експертите за нуркање предупредија дека мисијата е екстремно опасна бидејќи децата не знаат да пливаат, никогаш не користеле опрема за нуркање и тесните премини се предизвик дури и за најдобрите пештерски нуркачи. Студената и матна вода го допира таванот на пештерата во темниот премин, кој е толку тесен што може да собере само еден човек.


Фото: News.com.au

Тајландски портал за нуркање ја објави оваа скица на која е објаснето како би се одвивала спасувачката акција.

Фото: News.com.au

Еден од спасувачите изјави дека момчињата им кажале на нуркачите дека слушнале лаење на кучиња и деца како си играат, што посочува дека можеби има таен премин.

Фото: News.com.au

Многу е важно што побрзо да се заврши спасувачката акција бидејќи се најавуваат бури и тоа може да го одложи спасувањето со месеци. Најдобрата опција би било да се испумпа целата вода од пештерата, што би им дозволело на децата да ползат 4 километри до безбедно, но пак би требало да поминат низ кратки подводни премини. Сепак, поради монсунските дождови, кои се најавени, властите веруваат дека учењето на момчињата да нуркаат е најреалната опција.