„Понекогаш мислам дека храброста не значи да не се плашиш, туку да се плашиш и сепак да продолжиш“
Кога луѓето помислуваат на комедија, обично им паѓа на ум одредено шоу со кое се забавуваат во слободното време. Но, комедијантите понекогаш кажуваат мудри изјави и покрај целата несериозност со која ги претставуваат. Колку и да се смешни, тие се најреалните и најискрени јавни личности на денешницата. На пример, следните изреки може да нè научат на многу вредности.
„Понекогаш мислам дека луѓето мислат дека да се биде храбар значи да не се плашат, што секако дека не значи тоа. Тоа значи дека се плашите, но поминувате преку тоа и го правите замисленото бидејќи сметате дека е правилно“ - Грег Фергусон.
„Мислам дека она што сакате да го воздигнувате повеќе од младоста е убавината, а убавината е повеќе од изгледот по одредено време. Бидејќи може да бидете со некој кој изгледа добро, но кога ќе ја отвори устата и ќе сфатите дека е идиот, престанува да биде прекрасен“ - Патон Освалт.
„Очајот е потребната состојка за учење сешто или создавање што било. Точка. Доколку не сте очајни понекогаш, не сте интересни“ - Џим Кери.
„Треба да донесете нешто во светот што порано не било тука. Не е битно што е. Не е битно дали е маса или филм или градинарство - секој треба да создава. Треба да правите нешто, а потоа да седнете и да кажете ,Јас го направив тоа'“ - Рики Гервејс.
„Знаете како е да имате 5 деца? Замислете дека тонете. Некој ви дава бебе“ - Џим Гафиган.
„Открив дека единствената работа што не прави среќни е правењето нешто за некој кој не е способен да го стори тоа за себе“ - Дејвид Летерман.
„Толку многу луѓе одбираат да живеат во драма бидејќи е лесно. Исто како живот во лош брак или лоша врска - полесно е да се остане бидејќи знаете што ве очекува секој ден наместо да си заминете и да не знаете што е пред вас“ - Елен Деџенерис.
„Колку повеќе работите, толку подобри станувате во справувањето со неуспесите“ - Џон Мулени.
„Не живеете доколку сте тивки. Мора да бидете гласни и живи“ - Мел Брукс.
„Оној со добар хумор не ја добива девојката до крајот. Средно училиште, факултет, секој го сака опасниот кој не треба да го имате“ - Вил Ферел.
„Порано мислев дека треба да го живеете овој мизерен живот и тоа ќе го направи повесел, но не е така. Мизеријата ќе си дојде. Мизеријата ќе ве пронајде“ - Бил Бур.
„Понекогаш, помалку газениот пат е помалку газен со причина“ - Џери Синфилд.
„Работете напорно, бидете добри и неверојатните нешта ќе почнат да се случуваат“ - Конан О'Брајан.
„Животот не е нешто што го поседувате. Тоа е нешто во кое имате дел и нешто за што сведочите“ - Луис Ц. К.
„За да успеете, вашата желба за успех треба да биде поголема од стравот од неуспех“ - Бил Козби.
Фото: Magnific