Калта како градежен материјал се враќа на голема врата

Калта како градежен материјал се враќа на голема врата

Подготвил: Драгана Петрушевска

Калта помага во борбата против високите температури и го намалува јаглеродниот отпечаток, меѓу другото. Во минатото, некои градови се граделе од кал, а зградите од кал се добро изолирани, оддржливи и исклучително прилагодливи за современа употреба. Би-би-си ги нарекува овие градби „архитектура на иднината“.

Најголемиот јеменски град Сана може да се пофали со многу згради од кал кои се наоѓаат под заштита на УНЕСКО. Калта би можела да биде одржливо решение за објектите во иднината, според архитектите. Овој материјал се користи во борбата против високите температури и го намалува глобалниот јаглероден отпечаток.


Во напис под рубриката „Фјучр планет“ на Би-би-си се зборува за дизајн на училиште во Бангладеш, дизајнирано од австриската архитектка Ана Херингер, како современ пример за успешно користење кал на проект.

Како што наведува Херингер, зградите од кал немаат потреба од климатизација, а тоа е предност на планетата која се загрева. Освен тоа, калта има акустични квалитети, отпорна е на поплави и има способност да ја апсорбира влагата и со тоа да го подобри квалитетот на воздухот во затворениот простор.



- Прекрасно е чувството на допир на земја. Не ви требаат никакви алатки за да градите - само користете ги рацете - изјавила Херингер.

Извор: Gradnja
Насловна фотографија: Ана Херингер