Дали брзата храна придонесува за појава на депресија?
Научници од Универзитетот во Калифорнија повикаа на поопсежно истражување за врската меѓу консумирањето брза храна и депресијата, откако дваесет пациенти пријавиле ублажување на симптомите откако преминале на поздрава исхрана.
Учесниците истражувањето го намалиле внесот на ултрапреработена храна за повеќе од 85 проценти, па пријавиле умерени до големи подобрувања во три мерки на депресија, соопшти универзитетот.
Тестовите успешно ја утврдија изводливоста на ова истражување во рамките на поопсежно испитување, изјави Ендру Кристал, лекар и професор на одделите за психијатрија и бихевиорални науки и неврологија при Универзитетот Калифорнија во Сан Франциско (УЦСФ).
Трудот објавен во списанието „ЈАМА психајатри“, издание на Американското лекарско здружение (АМА), е опишан како „прв што ги споредува симптомите кај лицата со депресија пред и откако својата вообичаена ултрапреработена исхрана ја замениле со поздрава храна“.
Членовите на тимот објаснија дека се потребни понатамошни студии за да се процени како промената во уделот на макронутриенти, на пример, шеќери и масти, влијае врз пациентите со депресија, а и како се одразуваат разликите во внесот на калории.
Научниците додадоа дека во идните испитувања би требало да се процени и влијанието на загадувачите од процесот на преработка и мешавината од адитиви, конзерванси, стабилизатори, вештачки бои и засилувачи на вкус.
Освен што се практични, брзи за подготовка и често поевтини од поздравите опции, ултрапреработените јадења можат да го поттикнат лачењето на допаминот, кој понекогаш се нарекува хормон на задоволството, истакна Њаша Чагведена од УЦСФ.
Од тоа произлегува дека брзата храна би можела да им наштети на вашите црева на начини што се одразуваат врз вашиот мозок, наведува Чагведена.
Наодите на УЦСФ се надоврзуваат на повеќе научни трудови кои укажуваат на поврзаноста меѓу здравјето на цревата и менталното здравје, што за возврат сугерира дека исхраната би можела да биде фактор во тоа како луѓето се чувствуваат и размислуваат.
Фото: magnific