Како денес би изгледале Нефертити, Клеопатра, Аристотел и други историски личности?

Како денес би изгледале Нефертити, Клеопатра, Аристотел и други историски личности?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Ако некогаш сте се запрашале како би изгледале историските личности кога би биле живи денес, графичката дизајнерка Бека Саладин ја создаде серијата „Ројалти нау“. Како што вели таа, сакала да го донесе минатото во сегашноста и да ни помогне да ја разгледаме историјата од сосема нов агол.

- Многу луѓе мислат дека користам само апликација или едноставно го менувам лицето, но станува збор за многу покомплексен процес со цел да изгледаат пореално - вели таа.

- Користам „Фотошоп“ така што на крај наоѓам слика на која ќе работам, а потоа почнувам да додавам црти на лицето - додава таа.