Големите песочни бури ја издувале водата од Марс во вселената?

Големите песочни бури ја издувале водата од Марс во вселената?

Подготвил: Билјана Арсовска

Лектор: Ивана Кузманоска

Во НАСА мислат дека знаат што се случило со водата што исчезнала од површината на Марс многу одамна: големи песочни бури постепено ја издувале во вселената.

Излегува дека песочните витли можеби ја однеле античката вода од површината горе и надвор од атмосферата на Марс. Додека витлите сè уште не се убаво проучени, ново истражување на НАСА покажува дека се способни да ја извадат водената пареа во вселената, потенцијално објаснувајќи многу стара мистерија.

Во соопштение на НАСА за бурите на Марс кои ги поттикнуваат песочните витли, кои можат да траат со недели и да достигнат ширина и од 490 милји, се посочува кон две нови студии на истражувачот Николас Хевнс од Универзитетот во Хемптон, САД, од кои едната беше објавена минатиот месец, а другата во октомври.

Двете студии се фокусираат на временските шеми кои летало на НАСА ги набљудувало за време на две бури на Марс што ја зафатиле целата планета - едната во 2007 и едната во 2018 година.

Двете студии се без заклучок кога станува збор за тоа како воопшто се формираат песочните витли, но истражувањето на Хевнс сугерира дека тие играле голема улога во сушењето на површината на Марс и последователното покривање со песок.