Речиси 500 милиони животни умреле во пожарите во Австралија

Речиси 500 милиони животни умреле во пожарите во Австралија

Подготвил: Тамара Гроздановски

Тажни видеоснимки и фотографии од настрадани животни во пожарите што беснеат во Австралија се шират на социјалните мрежи. Професор Крис Дикман, експерт во областа на биоразновидност од Сиднеј, изјави дека станува збор за 480 милиони мртви животни.

Бројките се базираат на извештајот што го напишал во соработка со други експерти од 2007 година за организацијата „Ворлд Вајд Фанд Нејчр“. Тогаш, на подрачјето на Нов Јужен Велс имало 17,5 цицачи, 20,7 птици и 129,5 влекачи на еден хектар.

Експертите ги помножиле бројките со големината на областите што биле зафатени од пожарите. Процениле дека на 3 милиони хектари Нов Јужен Велс, колку што изгореле пред десет дена, дури 480 милиони цицачи, птици и влекачи биле зафатени со пожарите.

Експертите се загрижени дека некои растителни и животински видови изумреле поради пожарите. Кенгурите имале најголеми шанси за преживување бидејќи се големи и брзи, додека коалите се најзагрозени бидејќи се мали и бавни. Тие се хранат со ливчиња од еукалиптус што содржи лесно запалливо масло и така се дополнително загрозени. Постои огромна загриженост дека се уништени цели видови растенија и животни по откритието дека речиси 500 милиони животни умреле од почетокот на пожарите.

Настрадале 8.000 коали, што е третитан од овие животни чиј дом е Австралија.

Досега изгореле повеќе од 5 милиони хектари, а пожарите и понатаму дивеат низ цела Австралија. Жалосно во цела приказна е дека ни во организацијата „Сајнс фор Лајф“ не постои процедура и протокол за вакви состојби па сè уште не се знае што со настраданите животни и како ќе им се помогне.

Министерката за околина Сусан Леј изјави дека точните бројки за смртно настраданите животни нема да се знаат додека не се смират пожарите.

Сите кои сакаат да им помогнат на животните во овие страшни пожари можат да донираат во организациите: „The World Wildlife Fund“, болницата за коали „Port Macquarie“, „RSPCA“.



1
Фото: Getty Images

2
Фото: Getty Images

3
Фото: Reuters

4
Фото: AFP

5
Фото: Associated Press

6

7
Фото: Adam Mudge/CFS

8

9