Зошто треба да се смееме почесто?

Зошто треба да се смееме почесто?

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Сите знаеме дека смеата е најдобриот лек; сепак, мал дел од луѓето знаат дека ова е докажано како вистина. Добрата смисла за хумор и способноста да се смееш може да биде корисно за вашето физичко, емоционално и социјално здравје.

Смеењето е лек којшто е многу поевтин од посетата на доктор и функционира многу подобро од било кој лек, па зошто да не се обидете?

Ви нудиме само неколку од многуте научни причини зошто смеењето е корисно за вас.

1. Смеењето е поврзано со здравата функција на крвните садови

Смеењето ја предизвикува дилатацијата или проширувањето на ткивото што ја формира внатрешната обвика на крвните садови, и го зголемува протокот на крвта.

2. Го подобрува емоционалното здравје

Смеата и хуморот го поттикнува емоционалниот центар на мозокот, ослободувајќи допамин кој му помага на мозокот да ги обработува емоционалните реакции и го подобрува искуството на задоволство; серотонинот, кој го подигнува расположението и ендорфинот ја ја регулира болката и стресот и предизвикува еуфорија.

3. Игра важна улога во социјалната интеракција и поврзувањето на луѓето

Се претпоставува дека смеата постои уште пред луѓето да започнат да го користат говорот. Затоа постојат повеќе социјални знаци за кои луѓето се свесни во една социјална ситуација.

Смеата игра важна улога во регулирањето на разоворот меѓу луѓето, а исто така е важна во социјалното поврзување меѓу групите и поединците. Чувството за хумор е важно во интеперсоналната комуникација и привлечноста, и претставува важна компонента на социјалната компетенција.

4. Ве прави многу попривлечни

Истражувањата покажуваат дека мажите со добра смисла за хумор се многу попривлечни. Од друга страна, мажите повеќе ги привлекуваат жени кои се смеат на нивните шеги. Ве прави да се чувствувате поудобно во социјалните ситуации како што се на пример забавите и ви овозможува да ги проширите вашите социјални кругови.

5. Го намалува нивото на стрес и анксиозност

Хуморот е опишан како елемент на издржливост и ви ги зголемува можностите за справување со тешки ситуации. Хуморот го намалува нивото на стресот и промовира позитивно расположение и откажување на негативните емоции. Исто така, помага да ја согледата смешната страна на неповолните ситуации. Вистинската смеа е заразна, со што помагате во подобрувањето на расположението на другите луѓе.

6. Го зајакнува имунитетот

Стресните искуства во секојдневниот живот го потиснуваат имунитетот, од наједноставни ситуации како на пример, тоа што не можете да ја запалите колата, со што се зголемува ризикот од заразни болести и болести на срцето. Добрата смисла за хумор го спречува стресот и позитивно влијае на имунолошкиот систем.

7. Позитивно влијае на респираторниот систем

Смеата обезбедува најбрз и најлесен метод за регулирање на дишењето. Тоа доведува до зголемување на отчукувањата на срцето. Смеата го ослободува воздухот од белите дробови и го заменува со нов воздух, богат со кислород. Поедноставно кажано, ви овозможува да дишете подлабоко, го подобрува репсираторниот систем и ве штити од респираторни заболувања.