Градинките во Скопје се полупразни

Градинките во Скопје се полупразни

Преполовен е бројот на деца кои одат во скопските градинки. Податоците на Министерството за труд и социјална политика (МТСП) покажуваат дека во моментов половина од децата отсуствуваат зашто не се вакцинирани со МРП-вакцина (за морбили, рубеола, паротитис), зашто се болни или се на зимски одмор. Директори на градинки велат дека според информациите кои ги добиваат од родители, 20 отсто од нив не планираат да ги вакцинираат децата воопшто.