Како да ја надмине љубомората кон помалата сестра?

Како да ја надмине љубомората кон помалата сестра?

Имам ќерка од 6,5 години, која е прваче, а пред еден месец добивме уште едно бебе. Иако големата ќерка две години бараше да не биде сама и ја сака сестричката, сега има измешани емоции и се појави љубомора. Пробувам сѐ што сум правела со неа да продолжам да го правам – ѝ читам навечер, излегувам со неа кога можам, одиме во кино. Но таа мисли дека не ја сакаме. Ако ја скарам за нешто, бурно реагира, понекогаш со тантруми, ми вели да заќутам и ја треска вратата. Исто прави и ако нешто згреши во школо, иако сме ѝ објасниле дека сите грешат, дека така се учи, дека сме грешеле и ние. Некогаш прифаќа, некогаш не. Има другарчиња и брзо склопува пријателства. Може ли совет како да ја надминеме љубомората?

Одговорот од психологот прочитајте го на Деца.мк