Се враќа „Бафи убиецот на вампири“ - Сара Мишел Гелар повторно ќе го глуми добро познатиот лик

Се враќа „Бафи убиецот на вампири“ - Сара Мишел Гелар повторно ќе го глуми добро познатиот лик

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Со години се зборува за снимање нови продолженија на една од најпопуларните тинејџерски серии „Бафи убиецот на вампири“, а се чини дека сега нешто тргнало во нагорна линија, и тоа со најголемата ѕвезда на серијата - Сара Мишел Гелар (47).

Веста за снимање пилот-епизода за „Хулу“ ја потврди и „Дедлајн“, кој пренесува дека ќе ја режира Клое Жао, а е напишана од Нора и Лила Цукерман. Потврдено е дека Сара Мишел ќе ја репризира улогата на Бафи Самерс, а извршни продуценти се Гејл Берман, Фран Кузуи, Каз Кузуи и Доли Партон, кои исто така работеа на оригиналната серија. На серијата сигурно нема да работи Џос Видон, кој всушност го создаде ликот на Бафи, а го играше Кристи Свонсон во истоимениот филм од 1992 година, а потоа ја создаде серијата.

Сепак, оттогаш тој беше во центарот на неколку скандали, вклучувајќи го и обвинението дека лошо се однесувал кон актерите на снимањето на филмот „Лига на правдата“, како и на сетот на „Бафи“.

За новите продолженија на серијата не се знае многу, но се очекува заплетот да ја следи веќе добро познатата приказна и Сара Мишел да ја игра Бафи во верзијата која сите веќе ја знаат и ја сакаат.

Неколку дена пред да биде објавена веста за снимањето на новите продолженија, таа на својот инстаграм-профил објави фотографија на која носи пижами со суши дезен, истата што ја носеше во една од сцените од серијата.


„Бафи убиецот на вампири“ се емитуваше од 1997 до 2003 година, а се фокусира на тинејџерка од измислениот град Санидејл, која е избрана да се бори со вампири, демони и други натприродни суштества.

Извор: gloria.hr

Фото: Facebook