Светските сили во 2025 година: Кои се најмоќните земји во светот?
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
„Форбс“ ја објави листата со најмоќните земји во светот за 2025 година, а САД повторно се најдоа на првото место, додека второто место ѝ припадна на Кина. Израел е на десеттата позиција, но најголемо изненадување е отсуството на Индија во првите десет, иако е петта по големина економија и има четврта по големина војска во светот.
Рангирањето е направено од „Ју-ес њуз & ворлд рипорт“ и се темели на пет клучни критериуми: лидерство, економско влијание, политичка моќ, меѓународни сојузи и воена сила. Методологијата ја разви „БАВ груп“ во соработка со истражувачи од школата „Вартон“ при Универзитетот во Пенсилванија.
Индиската позиција на 12. место предизвика дебата, особено со оглед на нејзината економска и воена моќ. Во однос на глобалниот БДП, Индија е петта, веднаш зад САД, Кина, Германија и Јапонија.
1. САД – 30,34 билиони долари БДП, 334 милиони жители
2. Кина – 19,53 билиони долари БДП, 1,43 милијарди жители
3. Русија – 2,2 билиони долари БДП, 145 милиони жители
4. Обединето Кралство – 3,73 билиони долари БДП, 67 милиони жители
5. Германија – 4,92 билиони долари БДП, 83 милиони жители
6. Јужна Кореја – 1,95 билиони долари БДП, 51 милион жители
7. Франција – 3,28 билиони долари БДП, 67 милиони жители
8. Јапонија – 4,39 билиони долари БДП, 125 милиони жители
9. Саудиска Арабија – 1,14 билиони долари БДП, 35 милиони жители
10. Израел – 550,91 милијарди долари БДП, 9 милиони жители
И покрај тоа што Индија не е во првите десет, нејзиното економско и политичко влијание продолжува да расте, а идните години ќе покаже дали ќе успее да се искачи на оваа престижна листа.